свет

Русија: Убиството на Ханије е политичко убиство што ќе доведе до дополнителна ескалација на тензиите

„Сето ова е многу лошо. Ова е апсолутно неприфатливо политичко убиство и ќе доведе до дополнителна ескалација на тензиите“, изјави заменик-министерот за надворешни работи Богданов

Esra Tekin  | 31.07.2024 - Обновена : 31.07.2024
Русија: Убиството на Ханије е политичко убиство што ќе доведе до дополнителна ескалација на тензиите

ИСТАНБУЛ (АА) - Русија денес го осуди атентатот на шефот на политичкото биро на Хамас, Исмаил Ханије, нарекувајќи го „неприфатливо политичко убиство“ што ќе ги влоши тензиите во регионот, пренесува Анадолу.

„Сето ова е многу лошо. Ова е апсолутно неприфатливо политичко убиство и ќе доведе до дополнителна ескалација на тензиите“, изјави заменик-министерот за надворешни работи Михаил Богданов за руската државна новинска агенција РИА Новости.

Тоа што се случи ќе има значително негативно влијание врз преговорите во Доха, предупреди Богданов.

Палестинската група на отпорот Хамас рано утрово објави дека Ханије е убиен во израелски воздушен напад чија цел била неговата резиденција во Техеран.

Од Израел нема коментар за атентатот.

Иранската државна телевизија, исто така, ја објави смртта на Ханије, истакнувајќи дека истрагата за атентатот е во тек и дека резултатите ќе бидат објавени наскоро.


На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.