свет

Русија ќе ја напушти Меѓународната вселенска станица по 2024 година

- Јуриј Борисов, претседателот на Руската федерална вселенска агенција (Roscosmos), најави дека Русија ќе го напушти проектот за Меѓународната вселенска станица (ISS) по 2024 година

Emre Gürkan Abay  | 26.07.2022 - Обновена : 27.07.2022
Русија ќе ја напушти Меѓународната вселенска станица по 2024 година

МОСКВА (АА) - Јуриј Борисов, претседателот на Руската федерална вселенска агенција (Roscosmos), најави дека Русија ќе го напушти проектот за Меѓународната вселенска станица (ISS) по 2024 година, пренесува Агенција Анадолија (АА).

Борисов на средбата со рускиот претседател Владимир Путин, одржана во главниот град Москва, рече дека неговата земја ја продолжува меѓународната соработка во рамките на Меѓународната вселенска станица (ISS).

Посочувајќи дека Русија ќе продолжи да ги исполнува своите обврски во проектот, Борисов нагласи: „Меѓутоа, донесена е одлука да се напушти Меѓународната вселенска станица (ISS) по 2024 година.“

Борисов додаде дека Русија ќе изгради своја орбитална станица.

Бил Нелсон, претседателот на Американската вселенска агенција (НАСА), на 4 јули истакна дека се надева дека соработката меѓу САД и Русија во рамките на Меѓународната вселенска станица (ISS) ќе продолжи до 2030 година, кога ќе престане работата на станицата.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.