Турција, свет

Рускиот вицепремиер: Проектот за гасен центар во Туркије ќе стартува во 2024 година

Идејата за гасен центар во Туркије првпат беше предложена од рускиот претседател Путин во октомври 2022 година. Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, исто така, изрази значаен интерес за идејата.

Handan Kazancı  | 27.12.2023 - Обновена : 28.12.2023
Рускиот вицепремиер: Проектот за гасен центар во Туркије ќе стартува во 2024 година

ИСТАНБУЛ (АА) - Одобрувањето на мапата на патот за проектот за центар за природен гас во Туркије, предложен од рускиот претседател Владимир Путин во 2022 година, е неминовен, изјави денес рускиот вицепремиер Александар Новак, пренесува Анадолу.

Се очекува проектот да започне во 2024 година, рече Новак во интервју за рускиот телевизиски канал „Россија-24“.

Проектот, кој моментно е во почетна фаза, бара мапа на патот. Новак објасни дека нивните турски партнери наскоро ќе отпатуваат во рускиот град Санкт Петербург, каде што ќе има размена на искуства и информации.

Руското искуство во оваа област „ќе биде корисно за воспоставување електронска платформа и центар во Туркије“, додаде Новак.

Идејата за гасен центар во Туркије првпат беше предложена од рускиот претседател Путин во октомври 2022 година. Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, исто така, изрази значаен интерес за идејата.

Напорите на земјата да стане центар за природен гас повторно се појавија во септември 2023 година, по средбата на Путин и Ердоган во Сочи. За време на состанокот се говореше за мапата на патот меѓу руската енергетска компанија Гаспром и турската корпорација БОТАС, со следен чекор формирање заедничка работна група.

Регионалниот центар за природен гас ќе придонесе за обезбеденоста на Туркије, како и на Европа со енергетскиот ресурс.

Европа е силно зависна од природниот гас и неговиот увоз, најмногу од Русија. Сепак, по руско-украинската војна ЕУ вети дека ќе го елиминира целиот увоз на фосилни горива од Русија до 2027 година.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.