свет

САД: Авион удри во далновод, околу 90.000 луѓе останаа без електрична енергија

- Десетици илјади потрошувачи останаа без електрична енергија откако мал авион во неделата удри во далновод во американската сојузна држава Мериленд

Burak Bir  | 28.11.2022 - Обновена : 29.11.2022
САД: Авион удри во далновод, околу 90.000 луѓе останаа без електрична енергија Фото: Џелал Ѓунеш / АА

АНКАРА (АА) - Десетици илјади потрошувачи останаа без електрична енергија откако мал авион во неделата удри во далновод во американската сојузна држава Мериленд, соопштија властите, јавува Агенција Анадолија (АА).

Авионот останал да виси откако удрил во една од главните преносни далноводи во областа Гајтерсбург, објави на Твитер Пит Пирингер, главен портпарол на пожарникарната и спасувачка служба во округот Монтгомери.

Тој потврди дека оствариле контакт со трите лица во авионот и дека сите се добро.

Околу 88.000 потрошувачи останаа без струја, а од прекинот на струјата зафатена е и сообраќајната сигнализација и некои лифтови.

Затворени се и некои патишта во близина на несреќата.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.