свет

САД: Во Чикаго, на секои 2, 3 часа по една жртва на оружен напад

Во американскиот град Чикаго, кој е познат по високата стапка на криминал, на секои 2, 3 часа некој е жртва на оружен напад, а на секои 14 часа некој загинува

Bilgin S. Şaşmaz  | 07.06.2017 - Обновена : 08.06.2017
САД: Во Чикаго, на секои 2, 3 часа по една жртва на оружен напад АА/Архива

Chicago

ЧИКАГО (АА) - Во американскиот град Чикаго, кој е познат по високата стапка на криминал, на секои 2, 3 часа некој е жртва на оружен напад, а на секои 14 часа некој загинува, јавува Anadolu Agency (AA).

И покрај сите мерки што безбедносните сили ги преземаат во тој град, нападите во градот се над просекот на државата.

На интернет-страницата „heyjackass.com“, која ги објави статистичките податоци за стапката на криминалот во Чикаго, наведено е дека од почетокот на годинава, 1.440 лица биле жртви на напад.

Во тие напади се убиени 252 лица, а 1.190 се ранети. Меѓу убиените, 229 се мажи, а 23 се жени.

Во судирите во коишто учествуваа и припадниците на безбедносните сили, убиени се шест лица, а исто толку се ранети.

Минатата година, во Чикаго, 4.379 лица биле жртва на оружен напад. Од нив, 717 се убиени, а 3.662 се ранети.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın