свет

САД: Гувернерот на Јужна Каролина прогласи вонредна состојба, масовна евакуација поради шумските пожари

Над 175 шумски пожари во моментов горат низ Јужна Каролина во неколку окрузи, меѓу кои Хори, Спартанбург, Јунион, Оконе и Пикенс, зафаќајќи површина од вкупно 4.200 хектари

Serdar Dincel  | 03.03.2025 - Обновена : 04.03.2025
САД: Гувернерот на Јужна Каролина прогласи вонредна состојба, масовна евакуација поради шумските пожари Фото: АА/Архива

ИСТАНБУЛ (АА) - Гувернерот на американската сојузна држава Јужна Каролина, Хенри Мекмастер, прогласи вонредна состојба поради неколкуте шумски пожари кои беснеат низ сојузната држава, јавува Анадолу.

Пожарникарите активно работат на ставање на пожарите под контрола, објави „Ен би си њуз“.

На видеата споделени на социјалните мрежи се гледа портокаловото небо од пожарите кои беснеат низ шумското подрачје на Каролина во Миртл Бич, како и чад и остатоци во воздухот во областа Ред Хил.

Мекмастер истакна дека над 175 шумски пожари во моментов горат низ Јужна Каролина во неколку окрузи, меѓу кои Хори, Спартанбург, Јунион, Оконе и Пикенс, зафаќајќи површина од вкупно 4.200 хектари.

„Оваа вонредна состојба гарантира дека нашите служби, кои неуморно работат и ги ризикуваат своите животи за да ги заштитат нашите заедници од овие шумски пожари, ги имаат потребните ресурси“, истакна Мекмастер.

„Поради опасните услови за шумски пожари забраната за палење огнови низ целата држава останува во сила до понатамошно известување. Оние кои ќе ја прекршат оваа забрана ќе бидат кривично гонети“, додаде тој.

Комисијата за шумарство на Јужна Каролина соопшти дека округот Хори добива помош од државни партнери, вклучително и авиони за гаснење на пожарите.

Во борбата против пожарите вклучени се околу 410 пожарникари и најмалку 128 противпожарни возила. Извршени се евакуации во осум населби, а приближно 135 жители се засолнети во рекреативниот центар Каролина Форест во округот Хори, според Црвениот крст на Јужна Каролина.


На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın