САД: Оружен напад во јавна библиотека
Во сојузната држава Њу Мексико во САД, вооружен напаѓач отвори оган во јавна библиотека. Во нападот загинаа најмалку две лица, а четворица се повредени
New York
ЊУЈОРК (АА) - Последниот оружен напад во САД се случи во јавна библиотека во 40-илјадниот град Клoвис, во сојузната држава Њу Мексико, близу границата со Тексас, јавува Anadolu Agency (AA).
Според новинската агенција „AP“ (АП), во настанот животот го загубија најмалку две лица, а четворица се ранети. Тројца од ранетите се префрлени во болницата во градот Лабок.
Невладината организација Архива на оружени напади (GVA), која води статистика за оружените напади во САД, соопшти дека од почетокот на годинава, до 28 август 2017 имало 41.042 оружени напади, во кои животот го загубиле 10.197 лица.
Во соопштението на оваа невладина организација се наведува дека на оваа бројка не се додадени околу 22.000 самоубиства.
На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.