Саудиска Арабија од Јутуб побара да ги отстрани рекламите што се во спротивност со исламските и општествените вредности
- Саудиска Арабија соопшти дека Јутјуб објавува реклами за корисници во земјата кои се спротивно на правилата за медиумска содржина во земјата, спротивно на исламот и општествените вредности.
РИЈАД (АА) - Саудиска Арабија од Јутјуб побара да се отстранат рекламите што се во спротивност со исламските и општествените вредности, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Во заедничкото соопштение на Генералната управа за аудио-визуелни медиуми на Саудиска Арабија и Комисијата за комуникации и информациски технологии, се наведува дека Јутјуб објавува реклами за корисници во Саудиска Арабија кои се спротивно на правилата за медиумска содржина во земјата, спротивно на исламот и општествените вредности.
Се нагласува дека Генералната управа за аудио-визуелни медиуми и Комисијата за комуникации и информациски технологии побарале од Јутјуб да ги отстрани тие реклами, во спротивно, ќе се применат адекватни законски мерки.
На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.