свет

Светилникот Алмади во Дакар - популарна туристичка атракција на Сенегал

- Светилникот се наоѓа на најзападната точка на африканскиот континент

Gorana Jakovljevic  | 21.02.2024 - Обновена : 24.02.2024
Светилникот Алмади во Дакар - популарна туристичка атракција на Сенегал Фото: Џем Оздер - АА

ДАКАР (АА) - Светилникот Алмади во Дакар, Сенегал, е една од најпопуларните туристички атракции во овој регион, јавува Анадолу.

Овој светилник со години се грижи за безбедноста на поморскиот сообраќај покрај западниот брег на супсахарска Африка.

Сместен на мал карпест гребен на Атлантскиот Океан, светилникот е оддалечен само нешто повеќе од километар од брегот на Дакар.

Посебно е атрактивен бидејќи се наоѓа на најзападната точка на африканскиот континент. Светилникот, кој го населуваат чапји, е незаобиколувачка точка на рутата на туристите што го посетуваат регионот.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.