Светските лидери и влади упатија честитки до Туркије по повод 101-годишнината од Денот на Републиката
- Светските лидерите и претседатели на влади денес упатија честитки до Туркије по повод 101-годишнината од основањето на Турската Република, јавува Анадолу.
АНКАРА / ИСТАНБУЛ (АА)
Лидерите и владите низ светот денес упатија честитки до Туркије по повод 101-годишнината од основањето на Турската Република, јавува Анадолу.
Низ поголемите градови се одржуваат прослави, собирајќи ги граѓаните на паради и јавни собири.
Претседателот Реџеп Таип Ердоган го посети Аниткабир, мавзолејот на основачот на земјата Мустафа Кемал Ататурк, во Анкара.
Азербејџанскиот претседател Илхам Алиев, во писмо до Ердоган, рече дека Туркије влегла во вториот век од својата историја како моќна, напредна и стабилна земја во политички, економски, воени и други аспекти, која ужива висок углед и доверба на меѓународната сцена и го има својот збор во глобалните работи.
„Ние сме инспирирани и се радуваме на сите достигнувања на моќната Туркије, која стана центар на моќ во светот, како и на нашите сопствени успеси“, рече Алиев, велејќи дека достигнувањата се реализирани поради политиката на Ердоган.
Тој рече дека верува оти стратешкиот сојуз меѓу Туркије и Азербејџан дополнително ќе се продлабочи и зајакне со нивните заеднички напори, во согласност со принципот „една нација, две држави“.
Белорускиот претседател Александар Лукашенко му честиташе на турскиот колега, велејќи дека се движи по патот на напредокот и модернизацијата, играјќи важна улога во одржувањето на мирот и стабилноста во регионот и светот.
Литванскиот министер за надворешни работи Габриелиус Ландсбергис на социјалната мрежа Х рече: „На Денот на Републиката на #Туркије, му посакуваме сѐ најдобро на нашиот сојузник во #НАТО и неговиот народ.“
„Ајде да работиме заедно за да го заштитиме постоечкиот меѓународен поредок, да ја зајакнеме безбедноста и просперитетот во Европа и пошироко!“ рече тој, додавајќи: „Среќен 29 Октомври, Денот на Републиката!“
„Честитки и најдобри желби на нашиот партнер и #НАТО-сојузник Туркије за Денот на Републиката!“, објави летонското Министерство за надворешни работи на X.
Министерството за надворешни работи на Романија, исто така, на социјалната мрежа X напиша: „Честитки до Туркије по повод Денот на Републиката!“
Министерството за надворешни работи на Романија додаде дека земјата со нетрпение очекува „понатамошно продлабочување“ на билатералното „стратешко партнерство“ и да работи заедно за унапредување на нивните заеднички интереси во корист на нивните земји и народи.
Албанското Министерство за надворешни работи упати исто така честитки до Туркије, со тоа што на социјалната мрежа Х објави:
„Постојаното пријателство и енергичното стратешко партнерство меѓу Албанија и Туркије продолжуваат да се зајакнуваат со секоја измината година“.
Грчкото Министерство за надворешни работи, исто така, им честиташе на „народот и Владата на #Туркије за Денот на Републиката“.
Во меѓувреме, полското Министерство за надворешни работи соопшти:
„Најтопли желби за мир и просперитет до нашите пријатели и сојузници од Туркије! Честитки по повод Денот на Републиката!“
Узбекистанското Министерство за надворешни работи објави на платформата за социјални медиуми: „Искрено им го честитаме Националниот ден на сите наши пријатели во #Туркије!“
Казахстанскиот претседател Касим-Жомарт Токаев го поздрави Ердоган, изразувајќи уверување дека со заеднички напори ќе продолжи да се зајакнува стратешката соработка меѓу Астана и Анкара.
На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.