свет

СЗО: Бројот на случаи со салмонела поврзани со чоколадите „киндер“ стигна до 151

Светската здравствена организација (WHO) соопшти дека 89 проценти од случаите биле помеѓу деца под возраст од 10 години кои покажале тешки симптоми како повраќање, гадење и дијареја проследена со крв

Ömer Faruk Yıldız  | 28.04.2022 - Обновена : 29.04.2022
СЗО: Бројот на случаи со салмонела поврзани со чоколадите „киндер“ стигна до 151

ЖЕНЕВА (АА) - Светската здравствена организација (СЗО) објави дека се откриени 151 случај на салмонела поврзани со консумирање на киндер-производите во најмалку 11 земји, јавува Агенција Анадолија (АА).

Организацијата наведува дека бактерија со иста генетска структура како салмонела која го инфицира човековото тело била пронајдена во некои резервоари кои содржат суровини во фабриката на „киндер“ во Арлон, Белгија, за време на инспекциите во декември 2021 и јануари оваа година.

Забележано е дека неопходните хигиенски мерки биле преземени во фабриката и тестот за салмонела на производите бил негативен, а киндер-производите произведени во фабриката во Арлон биле испорачани кон Европа и остатокот од светот.

Од 25 април, 151 случај на салмонела за кои постојат сомненија дека се поврзани со киндер-производите биле откриени низ светот, а 65 од овие се забележани во Велика Британија, 26 во Белгија, 25 во Франција, 10 во Германија, 15 во Ирска, 4 во Шведска и 2 во Холандија.

По еден случај е пријавен во Луксембург, Норвешка, Шпанија и САД.

Објавено е дека 89 проценти од случаите биле помеѓу деца под возраст од 10 години, а тешки симптоми како повраќање, гадење и дијареја проследена со крв биле забележани во 21 случај.

Забележано е дека нема смртен случај од инфекцијата со салмонела.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın