свет

СЗО: Мистериозните случаи на хепатитис не се поврзани со вакцинацијата против Ковид-19

- Светската здравствена организација (СЗО) соопшти дека случаите на хепатитис од непознато потекло, кои се појавија во Велика Британија и се забележани во многу земји во Европа, не се предизвикани од вакцинацијата против Ковид-19

Ömer Faruk Yıldız  | 29.04.2022 - Обновена : 02.05.2022
СЗО: Мистериозните случаи на хепатитис не се поврзани со вакцинацијата против Ковид-19

ЖЕНЕВА


Светската здравствена организација (СЗО) соопшти дека случаите на хепатитис од непознато потекло, кои се појавија во Велика Британија и се забележани во многу земји во Европа, не се предизвикани од вакцинацијата против Ковид-19, пренесува Агенција Анадолија (АА).

Говорејќи на прес-конференцијата одржана во Канцеларијата на Обединетите нации (ОН) во Женева, истражувачот на Глобалната програма на СЗО за ХИВ, хепатитис и сексуално преносливи инфекции, д-р Филипа Истербрук, ги сподели најновите информации за зголемениот број случаи на хепатитис од непозната потекло во последните недели.

Наведувајќи дека вирусот е забележан кај 170 деца на возраст од 1 месец до 16 години во 16 земји, д-р Истербрук истакна дека 50 отсто од случаите се на возраст меѓу 3 и 5 години.

Европскиот центар за превенција и контрола на болести (ECDC) во соопштението издадено на 26 април истакна дека случаите на хепатитис достигнале 190.

Истербрук нагласи дека досега кај 16 деца е направена трансплантација на црн дроб, а бројот на починати сѐ уште е еден.

- Инфекциите не се предизвикани од труење или патување

Наведувајќи дека досега испитаните случаи покажале дека не се работи за вообичаените вируси на хепатитис, Истербрук рече: „Не се работи за труење со храна или инфекција поврзана со патување.“

За можноста за поврзување на случаите на хепатитис со вакцинацијата против Ковид-19, Истербрук рече: „Познато е дека многу малку деца се вакцинирани против Ковид-19. Случаите не се поврзани со вакцинацијата против Ковид-19.“

Соопштувајќи дека најмногу случаи на мистериозен хепатитис се откриени во Велика Британија - 114 случаи, Истербрук нагласи дека следува Шпанија.


- Мистериозни случаи на хепатитис

СЗО во писменото соопштение на 16 април го изнесе податокот дека во Велика Британија кај 74 деца откриле вирус на хепатитис од непознато потекло.

Според СЗО, најмалку 170 деца досега се заразени со вирусот, а оваа бројка е наведена како најмалку 190, според Европскиот центар за превенција и контрола на болести (ECDC).

Пријавено е дека децата кај кои е откриен вирусот последниот месец имале симптоми како жолтица, дијареја, повраќање и болки во стомакот, а кај 16 деца направена е трансплантација на црн дроб поради тешко воспаление на црниот дроб.

Дефиницијата на болеста како „мистериозна“ или „неодредена“ потсетува на вирусот Ковид-19. А се дискутира и за можноста за нова „глобална епидемија“.

Пред да биде именуван, Ковид-19 беше опишан како „мистериозна болест на белите дробови“.


На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın