свет

СЗО: Половина од луѓето со хипертензија не знаат дека имаат проблем

Се проценува дека 1,28 милијарди возрасни луѓе на возраст од 30 до 79 години во светот страдаат од хипертензија, а две третини од нив живеат во земји со низок и среден приход

Seda Sevencan  | 18.05.2023 - Обновена : 19.05.2023
СЗО: Половина од луѓето со хипертензија не знаат дека имаат проблем

ИСТАНБУЛ (АА) - Во извештаите на Светската здравствена организација (СЗО) се проценува дека 46 отсто од луѓето со хипертензија, висок крвен притисок, во целиот свет не се ни свесни дека ја имаат таа состојба, јавува Анадолу.

Се проценува дека 1,28 милијарди возрасни луѓе на возраст од 30 до 79 години во светот страдаат од хипертензија, а две третини од нив живеат во земји со низок и среден приход.

Околу 42 отсто од возрасните лица со хипертензија имаат дијагностициран проблем и се лекуваат.

Хипертензијата може да нема симптоми до некоја фаза, така што единствен начин да се открие е луѓето да го проверат својот крвен притисок. Ненавремената дијагноза и недостигот на терапија може да предизвика сериозни проблеми.

Хипертензијата, која е главна причина за прерана смрт во светот, обично се лекува со евтини лекови.

Болеста може да се намали со здрава исхрана, губење на вишокот телесна тежина, физичка активност и откажување од пушење.

Хипертензијата се зголемува во последните години во светот.

Бројот на луѓе со хипертензија се удвои на 1,28 милијарди помеѓу 1990 и 2019 година, додека на 720 милиони луѓе не​​​​​​​ им е потребен третман. Африка има највисока стапка на хипертензија кај населението (27 отсто), додека Америка има најниска стапка (18 отсто).

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.