свет

Силен дожд во Италија предизвика поплави на островот Елба

- Италијанските национални медиуми објавија дека обилните врнежи од дожд забележани вчера попладне во централните и западните делови на Италија негативно се одразиле врз животот, особено на островот Елба.

Barış Seçkin  | 14.02.2025 - Обновена : 17.02.2025
Силен дожд во Италија предизвика поплави на островот Елба

РИМ (АА) - Поплави и прелевања го зафатија островот Елба во Западна Италија како последица на обилните врнежи од дожд, известува Анадолу.

Според вестите објавени во националните медиуми, обилните врнежи од дожд забележани вчера попладне во централните и западните делови на Италија негативно се одразиле врз животот, особено на островот Елба.

Улиците на градот Портоферајо на островот Елба се поплавени, а автомобили пливаат во надојдените води.

Во вестите се наведува дека пожарникарите на островот спасиле 28 лица што биле заглавени во калта носена од надојдените води.

Општина Портоферајо упати предупредување за критичната ситуација поради невремето и апелираше до граѓаните да не излегуваат надвор и да не користат возила.

Во Портоферајо е забележано дека во период од еден час паднале повеќе од 65 милиметри дожд.

Единицата за цивилна заштита упати предупредување дека денес се можни обилни врнежи од дожд во централните и западните делови на земјата.


На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.