свет

Силен земјотрес ја потресе Јапонија, има повредени и материјална штета

- Четири лица се повредени, откажани или одложени се некои железнички услуги

Associated Press  | 11.05.2023 - Обновена : 12.05.2023
Силен земјотрес ја потресе Јапонија, има повредени и материјална штета

ТОКИО (АА) - Земјотрес со интензитет од 5,4 степени ова утро го потресе Токио, главниот град на Јапонија, и неговите околни подрачја, пренесува Анадолу.

Епицентарот на земјотресот бил во перфектурата Чиба, југоисточно од Токио, објави Јапонската метеоролошка агенција. По земјотресот не е дадено предупредување од можно цунами.

Четири лица се повредени, објави јапонската новинска агенција Кјодо.

Поради земјотресот откажани или одложени се некои железнички услуги.

Јапонија е една од земјите во светот со најголем број земјотреси, а земјотресот што ја потресе оваа земја во 2011 година предизвика и цунами од кој животот го загубија илјадници луѓе и предизвика катаклизмичен дефект во нуклеарната електрана Фукушима.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın