свет

Силно присуство на полицијата пред заседавањето на парламентот на Каталонија

На заседанието на парламентот наводно ќе се разговара за последните политички случувања во покраината, а се очекува и еднострано прогласување независност на Каталонија

Ekipa  | 10.10.2017 - Обновена : 10.10.2017
Силно присуство на полицијата пред заседавањето на парламентот на Каталонија Gonzalo Arroyo Moreno/AA

Barcelona

БАРСЕЛОНА (АА) - Силно присуство на полицијата е забележано денес во Барселона, пред јавните установи и околу зградата на каталонскиот регионален парламент, бидејќи за денес е најавена седницата на којашто, според најавите, би можела да биде прогласена независност на Каталонија од Шпанија, пренесува Anadolu Agency (AA).

Денес ќе заседава Регионалниот парламент на Каталонија, на барање на каталонскиот претседател Карлес Пучдемон, а лидерот на автономниот шпански регион ќе се обрати пред пратениците.

На заседанието наводно ќе се разговара за последните политички случувања во покраината, а се очекува и еднострано прогласување независност на Каталонија.

Поддржувачите на независноста на Каталонија тврдат дека за време на парламентарната седница ќе биде прогласена независност на тој регион, додека одредени владејачки коалиции наведуваат дека таквиот потег би бил само симболичен.

Во изминатите денови во Барселона и во Мадрид се одржаа масовни собири на коишто граѓаните повикаа на национално единство.

Како ќе се прогласи независност и кој ќе биде одговорот на шпанската Влада, останува клучно прашање. Меѓутоа, шпанскиот премиер Маријано Рахој неодамна изјави дека ќе ги преземе сите мерки предвидени со закон, за да го спречи отцепувањето на Каталонија.

Каталонската Влада соопшти дека повеќе од 90 отсто од лицата кои излегле на референдум на 1. октомври се изјасниле за отцепување од Шпанија, а пак централната Влада во Мадрид го прогласи референдумот за неуставен. Излезноста на референдумот изнесуваше 43 отсто.


На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın