Сирискиот претседател потпиша уставна декларација за 5-годишен преоден период
Експертскиот комитет задолжен за изготвување на декларацијата го претстави документот на Шара, а во него се наведени клучните одредби за ерата по Асад.

ИСТАНБУЛ (АА) - Сирискиот претседател Ахмед ал Шара денес потпиша нацрт-уставна декларација со која се воспоставува петгодишен преоден период во земјата, јавува Анадолу.
Експертскиот комитет задолжен за изготвување на декларацијата го претстави документот на Шара, а во него се наведени клучните одредби за ерата по Асад.
Декларацијата, исто така, наложува распуштање на постоечкиот Уставен суд, означувајќи го како „остаток од претходниот режим“.
На претседателот му се дава овластување да именува нов уставен суд кој ќе работи според постојните законски рамки додека не се воспостави нов судски систем.
Комитетот ја нагласи независноста на судството и клучната улога на судиите. Понатаму беше наведено дека секоја одлука во врска со разрешување, смена или ограничување на овластувањата на претседателот ќе потпадне под јурисдикција на Законодавниот дом на Сирија, Парламентот на земјата.
На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.