свет

Си Џинпинг по третпат избран за лидер на Комунистичката партија на Кина

- Си е прв лидер на Кина кој во три мандати раководи со Комунистичката партија во нејзината стогодишна историја

Riyaz Khaliq Khaliq  | 23.10.2022 - Обновена : 24.10.2022
Си Џинпинг по третпат избран за лидер на Комунистичката партија на Кина Фото: Емре Ајтекин / АА

ПЕКИНГ (АА) - Си Џинпинг утринава повторно е избран за лидер на Комунистичката партија на Кина, што ќе биде единствен трет мандат во стогодишната историја на партијата, известува Агенција Анадолија (АА).

Потврдата официјално е објавена по првата седница на Централниот комитет, а е избран еден ден претходно, на 20. Конгрес на Комунистичката партија на Кина.

Си им се обрати на новинарите по реизборот и соопшти уште шест имиња кои влегле во новиот состав на Постојаниот комитет, највисокото тело на партијата.

„Патувањето е тешко и напорно, но ние ќе стигнеме до нашето одредиште“, рече Си и најави „национално подмладување“ на Кина.

Си во Постојаниот комитет ќе ги донесува одлуките заедно со Ли Чианг, Ванг Хунинг, Цаи Чи, Динг Шјуешјианг и Ли Шји.

Шеесет и девет годишниот Си останува на функцијата претседател на Кина и командант на кинеската војска.

За првпат Си беше избран за претседател на Кина во 2013 година, а својот втор мандат го доби во 2018 година, кога ја отстрани границата на претседателскиот мандат.

Комунистичката партија овој викенд на Конгресот избра нови органи на раководството во кои нема неколкумина досега високорангирани функционери, меѓу кои е и премиерот Ли Кеќанг.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.