свет

Словачка: Првата дама на САД ги посети децата бегалци од Украина

- Од 24 февруари, кога Русија го започна нападот на Украина, земјата ја напуштија околу 6 милиони лица

Aldijana Hadzic  | 08.05.2022 - Обновена : 09.05.2022
Словачка: Првата дама на САД ги посети децата бегалци од Украина

КОШИЦЕ (АА) - Првата дама на САД, Џил Бајден, денес посети училиште во словачкиот град Кошице, каде што наставата ја следат околу 60 деца бегалци од Украина, известува Агенција Анадолија (АА).

Г-ѓа Бајден во таа пригода разговараше со децата и нивните родители.

Посетата е организирана на Меѓународниот ден на мајката, празник што се одбележува во втората недела од мај.

Од 24 февруари, кога Русија го започна нападот на Украина, земјата ја напуштија околу 6 милиони лица. Околу половина милион бегалци пристигнаа во Словачка.

Повеќе од 3,1 милион Украинци избегаа во Полска, над 854.000 во Романија, половина милион во Унгарија, а дел избегаа во Молдавија.

Над 714.000 лица избегаа во Русија или низ неа.

Во Украина интерно се раселени повеќе од 7 милиони луѓе.





На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın