свет

Снимка со дрон од расцветаните лалиња во Холандија

Eдна од најголемите цветни градини во светот, „Којкенхоф“ уште еднаш го претвори градот Лисе во живописна и шарена разгледница, додека лалињата, зумбулите, нарцисите и лилјаните создадоа неверојатен цветен тепих

Aida Cako  | 22.04.2025 - Обновена : 24.04.2025
Снимка со дрон од расцветаните лалиња во Холандија Фото: Mehmet Aslan/AA

СКОПЈЕ (АА) - Снимка со дрон ги прикажа расцветаните лалиња во една од најголемите цветни градини во светот, „Којкенхоф“, позната и како „Градината на Европа“, во холандскиот град Лисе, јавува Анадолу.

Градината уште еднаш го претвори градот во живописна и шарена разгледница, додека лалињата, зумбулите, нарцисите и лилјаните создадоа неверојатен цветен тепих што го одзема здивот.

Градината, која се простира на површина од 32 хектари, е отворена само во краток период од годината - од 20 март до 11 мај - за време на кој лалињата го достигнуваат својот врв, особено во април, кога боите и мирисите го освојуваат секое сетило.

Освен уживањето во милионите цветови, посетителите имаат можност да прошетаат по 15 километри долги патеки и да учествуваат во различни настани што ја збогатуваат пролетната авантура.

Иако лалињата водат потекло од Туркије, токму Холандија е земјата со која денес најмногу се поврзуваат овие цветови.

Лалињата имаат огромно значење за холандската економија - секоја година производителите од Холандија одгледуваат повеќе од четири милијарди лалиња, од кои речиси половина се извезуваат низ светот.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.