Соседите пронашле тајни документи кои сопругата на германскиот канцелар Шолц ги фрлила во ѓубре
Меѓу фрлените хартии имало и документи класифицирани како „само за приватно-службена употреба“, кои се однесуваат на карактеристиките на челниците на земјите од Г7 и нивните сопружници
АНКАРА (АА) – Соседите на брачниот пар Шолц пронашле во ѓубрето тајни документи од Самитот на Г7, кои ги фрлила Брита Ернст, сопругата на германскиот канцелар Олаф Шолц, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Брита Ернст, министерката за образование на покраината Бранденбург, фрлила неколку нацрти и документи на својот сопруг, германскиот канцелар Шолц, објави „Дер Шпигел“.
Меѓу фрлените хартии имало и документи класифицирани како „само за приватно-службена употреба“, кои се однесуваат на карактеристиките на челниците на земјите од Г7 и нивните сопружници.
Документите кои Ернст ги фрлила во ѓубре ги пронашле нивните соседи.
Бидејќи германското Министерство за надворешни работи овие документи ги класифицирало како „само за приватно-службена употреба“, Ернст немала право да ги фрли без нивно прописно уништување.
Во Германија, каде што доверливите документи подлежат на строги правила, документите со печат „за службена употреба“ мора да се уништат за нивната содржина да биде невидлива и неповратна.
Лидерите на земјите од групата Г7, која ја сочинуваат САД, Германија, Велика Британија, Канада, Франција, Италија и Јапонија, се собраа во рамките на Самитот на Г7, чиј домаќин беше Германија, на 26 и 28 јуни во палатата Елмау во Баварија.
На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.