свет

Средба на Зеленски со американскиот државен секретар Блинкен и секретарот за одбрана Остин

„Денес Американците се во Киев. Да, тие се среќаваат со претседателот [Зеленски].“

Bahtiyar Abdülkerimov  | 25.04.2022 - Обновена : 25.04.2022
Средба на Зеленски со американскиот државен секретар Блинкен и секретарот за одбрана Остин

КИЕВ (АА) – Американскиот државен секретар Ентони Блинкен и министерот за одбрана Лојд Остин се сретнаа со претседателот на Украина, Владимир Зеленски, во Киев, пренесува Агенција Анадолија (АА).

Алексеј Арестович, советник во Кабинетот на украинскиот претседател, во изјавата за телевизискиот канал „Феигин Лајв“ синоќа рече дека Блинкен и Остин дошле во Киев: „Денес Американците се во Киев. Да, тие се среќаваат со претседателот [Зеленски].“

Од друга страна, во веста каде се цитира функционер од Кабинетот на претседателот на Украина, се наведува дека деталите за посетата не се соопштуваат поради безбедносни причини и дека разговорите биле многу продуктивни.

Посетата на Блинкен и Остин е значајна бидејќи станува збор за посета на највисоко ниво на американски официјални претставници на Украина за време на руско-украинската војна.


На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.