свет

Столтенберг: „НАТО нема да испрати војници во Украина, ниту авиони во украинскиот воздушен простор“

Генералниот секретар нагласи дека воената алијанса „нема да биде дел од конфликтот“

Merve Gül Aydoğan Ağlarcı  | 01.03.2022 - Обновена : 02.03.2022
Столтенберг: „НАТО нема да испрати војници во Украина, ниту авиони во украинскиот воздушен простор“

АНКАРА (АА) - НАТО го зголеми своето присуство на источното крило на Алијансата и треба да ги распореди своите сили за одговор за прв пат во својата историја, објави денес шефот на Алијансата, Јенс Столтенберг, јавува Агенција Анадолија (АА).

Говорејќи на заедничката прес-конференција со полскиот претседател Анджеј Дуда, генералниот секретар Столтенберг, рече: „Го зголемивме нашето присуство во источниот дел на Алијансата и денеска, за прв пат во нашата историја, ги распоредуваме силите за одговор на НАТО. Денес француските трупи пристигнуваат во Романија како водечки елементи на оваа сила.“

Ова се случува кога руско-украинската војна влегува во својот шести ден, а најновите извештаи укажуваат дека руските трупи се на пат кон главниот град Киев.

Минатата недела во четвртокот, НАТО одлучи да ги активира своите одбранбени планови што ќе му овозможат полесно да ги распоредува моќта и силите на територијата на НАТО.

Столтенберг, исто така, истакна дека воената алијанса „нема да биде дел од конфликтот“.

„Значи, НАТО нема да испрати војници во Украина или авиони во украинскиот воздушен простор“, додаде тој.

Според податоците на Обединетите нации, досега во Украина животот го загубиле најмалку 136 цивили, меѓу кои 13 деца, а 400 цивили, меѓу кои 26 деца, се повредени.

Околу 660.000 луѓе ја напуштиле Украина во соседните земји, соопшти денес Агенцијата за бегалци на ОН.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.