свет

Тајфунот Шаншан ја зафати западна Јапонија, загинаа 6 лица

– Најмалку шест лица загинаа, а повеќе од 100 се повредени ширум Јапонија во последните четири дена од невремето што го донесе тајфунот Шаншан

Islam Uddin  | 31.08.2024 - Обновена : 31.08.2024
Тајфунот Шаншан ја зафати западна Јапонија, загинаа 6 лица

АНКАРА (АА) - Тајфунот Шаншан денес продолжи да минува над западна Јапонија, носејќи силен дожд и ветер што го наруши сообраќајот, а издадени се предупредувања за продолжување на врнежите, известува Анадолу.

Невремето веќе предизвика значителна штета, а локалните медиуми информираат дека најмалку шест лица ги загубиле животите, а повеќе од 100 се повредени во изминатите четири дена. Некои региони, вклучително Токаи, Канто и Кјушу, забележале рекордни количества на врнежи кои надминуваат 400 милиметри во изминатите 48 часа.

Јапонската железница ова утро ги прекинаа услугите на брзата железница „Токаидо Шинкансен“ меѓу Гифу-Хашима и Маибара поради обилните врнежи од дожд, соопшти Кјодо њуз со седиште во Токио. Претходно беа откажани железничките линии меѓу Токио и Нагоја.

„All Nippon Airways“ и „Japan Airlines“ откажаа или одложија бројни летови до и од аеродромите во регионите погодени од невремето.

Метеоролошката агенција издаде предупредувања за регионот Токаи, со образложување дека е можно подрачјето да се соочи со уште пообилни врнежи викендов. Се повикуваат жителите да бидат внимателни бидејќи невремето се движи низ областа.


На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın