Телефоните на шпанскиот премиер и на министерката за одбрана нападнати со шпионскиот софтвер Пегасус
Кибернападите беа 'нелегални', 'надворешни' за владините агенции, рече министерот на Претседателството, Феликс Боланос
ОВИЕДО (АА) - Шпанската Влада објави дека телефоните на премиерот Педро Санчез и на министерката за одбрана Маргарите Роблес биле нападнати со шпионскиот софтвер Пегасус, пренесува Агенција Анадолија (АА).
„Ова се исклучително сериозни настани кои потврдуваат дека имало напади надвор од владините агенции и надвор од законот“, рече министерот Феликс Боланос на прес-конференција.
Боланос рече дека нападите биле потврдени од Националниот центар за криптологија, кој продолжува со истражување на телефоните на други шпански политичари.
Телефонот на Санчез беше два пати нападнат од Пегасус во мај 2021 година и телефонот на Роблес еднаш во јуни 2021, соопшти Владата.
Пегасус, развиен од израелската компанија НСО груп, им овозможува на хакерите да пристапат до податоците и сензорите, вклучително и до шифрираните пораки, податоци, текстови, мејлови, фотографии, камера и микрофон.
Боланос рече дека незаконската употреба на Пегасус е пронајдена во најмалку 20 други земји. Помеѓу жртвите се политичари, новинари и други граѓани.
Објавата дека телефонот на највисокиот шпански лидер е хакиран доаѓа два дена откако истражувачката институција „Ситизен лаб“ објави дека телефоните на најмалку 63 каталонски сепаратисти беа нападнати од Пегасуз.
„Ситизен лаб“ рече дека шпанската Влада би можела да стои зад масовната шпионажа на сепаратистите.
Скандалот со Пегасуз доведе до расцеп помеѓу сепаратистичките политичари и Мадрид откако се појави.
Боланос одби да шпекулира кој стои зад нападите на Санчез и Роблес или што ги мотивирало напаѓачите.
Владата поднесе официјално барање за да се истражи што се случило.
На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.