Традиционален фестивал на калинката во Халабџа, Ирак
- Се очекува традиционалниот фестивал на калинка за 3 дена да го посетат 700.000 луѓе
ХАЛАБЏА (АА) - Во Халабџа, Ирак започна традиционалниот фестивал на калинката, известува Анадолу.
Голем број лица го посетија фестивалот на калинката, кој се одржува во Градскиот парк во Халабџа и ќе трае 3 дена.
Гувернерот на округот Халабџа, Нухша Насих, за АА изјави дека годишно во градот се произведуваат 30 тони калинки, а дел од нив се продаваат во јужните провинции на Ирак.
Нагласувајќи дека калинката на Халабџа е квалитетна и секој треба да ја проба, гувернерот Насих напомена дека очекуваат фестивалот за 3 дена да го посетат 700.000 луѓе и дека за таа цел испратиле покани до странски претставништва и институции во земјата.
На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.