свет

Трамп го разреши од должност директорот на ФБИ Џејмс Коми

Во соопштението се наведува дека препораката до Трамп за разрешување на Коми дошла од министерот за правда, Џеф Сешнс, и неговиот помошник Род Розенстеин

Hakan Çopur  | 10.05.2017 - Обновена : 10.05.2017
Трамп го разреши од должност директорот на ФБИ Џејмс Коми AA/Samuel Corum

Washington

ВАШИНГТОН (АА) - Претседателот на Соединетите Американски Држави (САД), Доналд Трамп, го разреши од должност директорот на Федералното истражно биро (ФБИ) Џејмс Коми, соопштено е од Белата куќа, пренесува Anadolu Agency (AA).

Во соопштението се наведува дека препораката до Трамп за разрешување на Коми дошла од министерот за правда, Џеф Сешнс, и неговиот помошник Род Розенстеин.

Нагласено е дека ФБИ е една од најважните и најпочитуваните американски институции, и дека денениот ден за ФБИ значи нов почеток.

ФБИ ја водеше истрагата во врска со наводите дека Русија била вклучена во процесот на последните претседателски избори во САД. Трамп во врска со оваа истрага неодамна одговараше на прашањата на сенаторите во Сенатот на САД.

Џејмс Коми на местото шеф на ФБИ е поставен во септември 2013 година, а го именуваше тогашниот претседател Барак Обама. 

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.