свет

Трамп: Добро е да се види дека светот сериозно ги сфаќа американските царини

„Мораме да го обновиме богатството на нашата голема земја и да создадеме вистински РЕЦИПРОЦИТЕТ“

Beril Çanakcı  | 21.04.2025 - Обновена : 21.04.2025
Трамп: Добро е да се види дека светот сериозно ги сфаќа американските царини

ИСТАНБУЛ (АА) - Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека „добро е да се види дека светот знае дека сме сериозни“ за справување со трговскиот дисбаланс со другите земји, нагласувајќи дека светските лидери и бизнис директори бараат ослободување од царините откако тие беа објавени претходно овој месец, пренесува Анадолу.

Во објава на неговата платформа „Truth Social“, Трамп вели дека неговата објава од 2 април за „Денот на ослободувањето“ - со која воведе реципрочни царини за земјите што тој ги обвинува за нефер трговски практики – стигна до странските влади и лидери на корпорации.

„Тие мора да ги исправат грешките од децениската злоупотреба, но нема да им биде лесно“, напиша тој. „Мораме да го обновиме богатството на нашата голема земја и да создадеме вистински РЕЦИПРОЦИТЕТ“.

Во текот на изминатите неколку недели, Трамп објави серија царински политики, издавајќи променливи соопштенија кои ја зголемија загриженоста за глобалната економска нестабилност.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın