свет

Трамп се закани дека кривично ќе го гони Гугл поради фаворизирање на Камала Харис при пребарувањето

Трамп го обвини технолошкиот гигант дека манипулира со резултатите од пребарувањето фаворизирајќи ја потпретседателката Камала Харис...

Necva Taştan Sevinç  | 28.09.2024 - Обновена : 28.09.2024
Трамп се закани дека кривично ќе го гони Гугл поради фаворизирање на Камала Харис при пребарувањето

ИСТАНБУЛ (АА) - Поранешниот американски претседател Доналд Трамп се закани дека ќе кривично ќе го гони Гугл доколку победи на овогодинешните избори, обвинувајќи го технолошкиот гигант дека манипулира со резултатите од пребарувањето фаворизирајќи ја потпретседателката Камала Харис, пренесува Анадолу.

Во објавата на „Чрут сошал“ (Truth Social), Трамп обвини дека Гугл менаџира со „незаконски“ систем кој дава приоритет на негативните приказни за него, а дека истовремено ги истакнува само позитивните работи за Харис.

Тој не наведе конкретен закон, но предупреди дека, доколку биде избран, ќе го повика американското Министерство за правда кривично да го гони Гугл за, како што рече, „еклатантно мешање“ во изборите.

„Ова е НЕЛЕГАЛНА АКТИВНОСТ“, нагласи Трамп.

„Ќе побарам нивно гонење, на максимално ниво, кога ќе победам на изборите и кога ќе станам претседател на САД!“, нагласи тој.

Забелешките на Трамп најверојатно произлегуваат од студијата на конзервативниот Центар за истражување на медиум, кој тврди дека алгоритмот за пребарување на Гугл несразмерно оди во корист на Харис, а не на Трамп, објави „Ју-ес-еј тудеј“ (USA Today) од Вашингтон.

Истражувањето се фокусираше на пребарувањето спроведено на 6 септември 2024 година за „претседателската трка 2024 на Доналд Трамп “.

Откри дека делот „Најважни вести“ прикажува седум написи од, како што истакна групата, левоориентирани медиуми, како што се „Њујорк Тајмс“ и „Политико“, пред да се поврзе со веб-страницата на кампањата на Трамп.

Гугл ги отфрли овие обвинувања.

Портпаролот на компанијата, кој сака да остане анонимен, изјави дека резултатите од пребарувањето ја одразуваат постојано променливата содржина достапна на веб, и дека не се манипулирани со цел да се фаворизира ниту еден од кандидатите.

Портпаролот додаде дека истражувањето на Центарот за истражување на медиуми разгледувал еден поим за пребарување во еден одреден ден, истакнувајќи дека и веб-страниците на кампањата на Трамп и Харис се рангирани во првите резултати од пребарувањето.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.