Трамп се сретна со Зеленски пред погребот на папата Франциск
- Американскиот претседател Доналд Трамп во Ватикан се сретна со украинскиот претседател Владимир Зеленски пред погребната церемонија на папата Франциск, духовниот водач на католиците и поглавар на Ватикан

РИМ (АА) - Американскиот претседател Доналд Трамп во Ватикан се сретна со украинскиот претседател Владимир Зеленски пред погребната церемонија на папата Франциск, духовниот водач на католиците и поглавар на Ватикан, известува Анадолу.
Директорот за комуникации на Белата куќа, Стивен Чунг, потврди дека Трамп се сретнал со Зеленски пред погребот.
Истакнувајќи дека двајцата претседатели се сретнале приватно и имале продуктивна дискусија, Чунг рече дека деталите од состанокот ќе бидат дополнително објавени.
Во изјава за украинскиот печат Сергеј Никифоров, портпаролот на украинскиот претседател, изјави: „Се одржа состанок и тој заврши“.
Портпаролот Никифоров не даде детали за средбата.
На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.