свет

Транспортен авион исчезна од радарот во ДР Конго

- Надлежните служби започнаа акција за потрага и спасување на исчезнатиот авион што летал со три члена на екипажот

Ahmet Emin Dönmez  | 11.09.2022 - Обновена : 13.09.2022
Транспортен авион исчезна од радарот во ДР Конго Фото: Илустрациј / АА

ЈАУНДЕ (АА) - Транспортен авион со три члена на екипажот исчезна од радарот во текот на летот во провинцијата Јужен Киву во Демократска Република Конго, известува Агенција Анадолија (АА).

Локалните официјални лица соопштија дека е изгубен секој контакт со леталото по неговото полетување од аеродромот Кавума во градот Букаву.

Авионот превезувал товар што требало да се достави на аеродромот во градот Касесе.

Надлежните служби започнаа акција за потрага и спасување на исчезнатиот авион.


На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın