свет

Тринаесет лица повредени во напад на слон во Шри Ланка

Дивеењето на слонови за време на верските фестивали не е невообичаено во Шри Ланка, главно поради големата врева која ја прават присутните

Amir Latif Arain  | 07.07.2024 - Обновена : 12.07.2024
Тринаесет лица повредени во напад на слон во Шри Ланка

АНКАРА (АА) – Во напад на слон за време на верски настан во јужниот дел на Шри Ланка повредени се 13 лица, објавија денес локалните медиуми, пренесува Анадолу.

Инцидентот се случил синоќа за време на Рухун Катарагама Махадевала, голем верски и културен настан кој се одржува во Катарагама, во провинцијата Ува, објави локалниот дневен весник на англиски јазик „Шри Ланка Мирор“.

Повредените се згрижени во локалната болница, и никој од нив нема критични повреди, соопшти полицијата.

Дивеењето на слонови за време на верските фестивали не е невообичаено во Шри Ланка, главно поради големата врева која ја прават присутните.

Властите често ги повикуваат луѓето да избегнуваат да прават гласни звуци за време на поворките за слоновите да останат мирни.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın