свет

Три лица убиени во напад со нож во Германија

- Нападот се случи за време на музички фестивал во западниот град Солинген, а во тек е масовна потера по напаѓачот

Erbil Başay  | 24.08.2024 - Обновена : 24.08.2024
Три лица убиени во напад со нож во Германија

БЕРЛИН (АА) - Најмалку три лица се убиени, а неколкумина се повредени во напад со нож во градот Солинген, во германската сојузна покраина Северна Рајна Вестфалија, објавија властите доцна синоќа, известува Анадолу.

Според веститте што ги објавија германските медиуми, едно лице избодело луѓе по случаен избор на градскиот фестивал во Солинген.

„За време на музички фестивал во центарот на градот, маж нападна луѓе со нож по случаен избор, а потоа избега од местото на настанот“, изјави за новинарите портпаролот на полицијата Александар Креста.

Тој додаде дека полициските службеници во моментов разговараат со сведоци и собираат информации за да го утврдат идентитетот на осомничениот. Креста информираше дека во напаот животот го загубиле 3 лица.

Германската новинска агенција ДПА објави дека потешко се повредени 5 лица.

Весникот „Билд“ објави дека напаѓачот со нож ги избодел своите жртви во врат.

Специјални полициски тимови, опремени со тешко вооружување, патролираат по улиците, бидејќи во тек е голема потрага по напаѓачот.

Полицијата во Солинген побара од населението да го избегнува центарот на градот и да не излегува на улица додека се одвива истрагата.

Општина Солинген објави дека се откажани настаните што требаше да се одржат на 24 и 25 август на музичкиот „Фестивал на различностите“, планиран да трае до недела, 25 август.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.