свет

Тропската бура Меги причина за смртта на 138 лица на Филипини

- Бројот на лица кои на Филипини ги загубија животите во поплавите и свлечиштата предизвикани од тропската бура Меги се зголеми на 138

Sümeyye Dilara Dinçer  | 15.04.2022 - Обновена : 18.04.2022
Тропската бура Меги причина за смртта на 138 лица на Филипини

АНКАРА (АА) - Бројот на лица кои на Филипини ги загубија животите во поплавите и свлечиштата предизвикани од тропската бура Меги се зголеми на 138, пренесува Агенција Анадолија (АА).

Провинцијата Лејте со 132 починати е регион на Филипините најпогоден од оваа природна катастрофа.

Во соопштението на Филипинската армија се наведува дека се поплавени 159 области во градовите Капиз, Аклан, Антиква и Илоило.

Меги која на 10 април предизвика поплави и свлечишта е прва тропска бура која ги погоди Филипините оваа година.

На Филипините, каде што во просек се случуваат 20 бури и тајфуни секоја година, во 2013 година тајфунот Хаијан беше причина за смртта на над 6.000 лица, а предизвика и големи разурнувања.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.