свет

Туркије: Голем број возила останаа заглавени на патот Ван-Бахчесарај поради снег

- Снегот што веќе два дена паѓа во југоисточниот дел на Туркије и снежните наноси во планинските предели им предизвикаа тешки моменти на возачите.

Mesut Varol  | 19.10.2023 - Обновена : 20.10.2023
Туркије: Голем број возила останаа заглавени на патот Ван-Бахчесарај поради снег Фото: АА

ВАН (АА) - Голем број возила останаа заглавени на патот поради снегот и снежната бура кај превојот Карабет на автопатот Ван-Бахчесарај. Екипите на 11. регионална управа за автопатишта на Туркије започнаа акција за расчистување на снегот, известува Анадолу.

Снегот што веќе два дена паѓа во југоисточниот дел на Туркије и снежните наноси во планинските предели им предизвикаа тешки моменти на возачите.

На превојот Курубаш, на надморска височина од 2.225 метри, на автопатот Ван-Хакари, видливоста е намалена поради магла, а возачите контролирано продолжуваат по патот.

Превојот Карабет, на надморска височина од приближно 3.000 метри, на автопатот Ван-Бахчесарај, покриен е со бела покривка поради интензивните врнежи од снег.

Голем број возачи што тргнале на пат без да стават синџири на тркалата на своите возила, останале заглавени на патот покриен со снег и зафатен со снежна бура.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın