свет

Туркије: Уште 9 бродови со жито испловија од Украина во рамките на Истанбулскиот договор

Туркије, ОН, Русија и Украина на 22 јули потпишаа договор во Истанбул за продолжување на извозот на жито од три украински пристаништа во Црното Море, кој беше прекинат од почетокот на руско-украинската војна во февруари

Merve Gül Aydoğan Ağlarcı  | 12.09.2022 - Обновена : 13.09.2022
Туркије: Уште 9 бродови со жито испловија од Украина во рамките на Истанбулскиот договор

АНКАРА (АА) - Уште девет брода со жито ги напуштија украинските пристаништа според договорот за извоз на жито од Украина потпишан во Истанбул, соопшти денес турското Министерство за национална одбрана, пренесува Агенција Анадолија (АА).

Во соопштението на Министерството, во кое не се откриени појдовните точки на бродовите, ниту нивните дестинации, се наведува дека испораките од украинските пристаништа продолжуваат според планираното.

Туркије, Обединетите нации (ОН), Русија и Украина на 22 јули потпишаа договор во Истанбул за продолжување на извозот на жито од три украински пристаништа во Црното Море, кој беше прекинат од почетокот на руско-украинската војна во февруари.

Во Истанбул е формиран Заеднички координативен центар со официјални претставници од трите земји и ОН за надгледување на испораките.

Од испловувањето на првиот брод во рамките на договорот на 1 август, досега низ коридорот за жито над 100 бродови имаат пренесено преку 2,5 милиони тони земјоделски производи.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın