свет

Уганда: 46 лица починаа од глад

- Четириесет и шест лица починаа од глад предизвикан од сушата која трае со месеци во источноафриканската земја Уганда

Adam Abu-bashal  | 13.07.2022 - Обновена : 17.07.2022
Уганда: 46 лица починаа од глад Фото: Архива (Ихсан Хафеџи / АА)

КАМПАЛА - Четириесет и шест лица починаа од глад предизвикан од сушата која трае со месеци во источноафриканската земја Уганда, пренесува Агенција Анадолија (АА).

Фејт Накут, пратеничката од регионот Карамоџа, во изјава за медиумите рече дека луѓето јадат трева за да преживеат поради сушата која во регионот трае со месеци.

Подвлекувајќи дека луѓето во регионот умираат од глад бидејќи нема храна, Накут додаде: „Поради гладот кој владее во подрачјето на Карамоџа, до 8 јули 46 лица починале од глад, а 2.181 домаќинство се во исчекување на смртта.“

Накут рече дека службениците, чекајќи ја власта да одговори на настанатата ситуација, од своите плати купувале храна за најзагрозените домаќинства.

Таа апелира до светот за помош пред да се зголеми бројот на жртвите.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın