свет

Украина: Во руските напади загинале 115 деца, повредени се 140

Околу 489 образовни установи се оштетени во руските напади, а 69 се целосно уништени

Ruslan Rehimov  | 20.03.2022 - Обновена : 21.03.2022
Украина: Во руските напади загинале 115 деца, повредени се 140

КИЕВ (АА) - Најмалку 115 деца ги загубија животите во руските напади во Украина, пренесува Агенција Анадолија (АА).

Украинското Државно обвинителство соопшти дека од почетокот на војната ранети се 140 деца.

Околу 489 образовни установи се оштетени во руските напади, а 69 се целосно уништени.

Според проценките на ОН, најмалку 847 цивили загинале, а околу 1.400 се повредени во Украина откако Русија започна воени дејствија во земјата на 24 февруари.

ОН соопштија дека реалните бројки веројатно се многу повисоки.

Воените дејствија, исто така, принудија 10 милиони луѓе да ги напуштат своите домови, според Агенцијата за бегалци на ОН.

Податоците на ОН покажуваат дека речиси 3,4 милиони бегалци ја напуштиле Украина од почетокот на војната, од кои над 2 милиони се примени во соседна Полска, речиси 530.000 од Романија и над 362.000 од Молдавија.

Се проценува дека околу 6,5 милиони се внатрешно раселени во Украина.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.