свет

Украина: Во руски воздушен напад врз Добропилија загинаа 11 лица

„Таквите напади покажуваат дека целите на Русија остануваат непроменети“, истакна Зеленски

Ekipa  | 08.03.2025 - Обновена : 10.03.2025
Украина: Во руски воздушен напад врз Добропилија загинаа 11 лица Фото: Државна служба на Украина за итни случаи

ДОЊЕЦК (АА) - Украинскиот претседател Владимир Зеленски објави дека 11 лица загинале во руски воздушен напад во источната украинска област Доњецк, пренесува Анадолу.

Во соопштението објавено на неговиот профил на социјалните мрежи, Зеленски рече дека руската војска извршила воздушен напад во текот на ноќта во градот Добропилија.

Според последните информации, во нападот имало 11 загинати, и над 30 повредени, меѓу кои пет деца. Тој, исто така, истакна дека е оштетена административната зграда во центарот на градот и осум станбени згради.

Зеленски нагласи дека Русите истрелале две балистички ракети во центарот на градот, и додаде: „Таквите напади покажуваат дека целите на Русија остануваат непроменети“.

Олег Синегубов, челникот на регионалната воена администрација на Харков, на социјалните мрежи објави дека руските сили извршиле и напади со беспилотни летала во регионот.

Синегубов потврди дека три лица се загинати во напад врз градот Боходухив во Харковската Област.

Од 24 февруари 2022 година, Русија спроведува воена офанзива против соседна Украина, барајќи од Киев да се откаже од своите аспирации за приклучување на западните воени сојузи, услов што Киев го гледа како мешање во нејзиниот суверенитет.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.