Украина: Градоначалникот на Мелитопол, Федоров, ослободен во размена со 9 заробени руски војници
„Иван Федоров е ослободен. Во размена за него, Русија зеде 9 војници родени 2002-2003 година. Тоа се, всушност, деца“, соопшти Дарија Заривнаја, портпаролката на Кабинетот на претседателот на Украина

КИЕВ (АА) - Градоначалникот на Мелитопол, Иван Федоров, кој беше киднапиран од Руската армија во Украина, е ослободен во размена со 9 заробени руски војници, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Дарија Заривнаја, портпаролката на Кабинетот на претседателот на Украина, во изјавата за една локална телевизија рече дека градоначалникот на Мелитопол, Иван Федоров, е ослободен во размена со 9 заробени руски војници.
„Иван Федоров е ослободен. Во размена за него, Русија зеде 9 војници родени 2002-2003 година. Тоа се, всушност, деца“, нагласи Заривнаја.
Украинските власти вчера соопштија дека е ослободен градоначалникот на Мелитопол, Иван Федоров, кој беше киднапиран од Руската армија на 11 март.
Украинскиот претседател Владимир Зеленски побара помош од претседателите на некои земји за ослободување на Федоров.