Украина: Најмалку деветмина загинати и над 70 повредени во руски напад врз Киев
Според украинските власти, во округот Свјатошински има најголема штета, а пожари избувнале на шест локации

КИЕВ (АА) - Најмалку девет лица загинаа, а 70 се повредени рано утрово во руските напади врз главниот град на Украина, Киев, соопштија официјални претставници, јавува Анадолу.
Многу подрачја на Киев се погодени во нападите, истакна градоначалникот Виталиј Кличко на Телеграм.
Триесет и осум од повредените се пренесени во болниците, а на 16 им е укажана помош на самото место, рече Кличко.
Тимур Ткаченко, шеф на градската воена управа на Киев, преку Телеграм соопшти дека главниот град се соочил со комбиниран напад со балистички ракети од различни правци и беспилотни летала.
Кличко, повикувајќи ги жителите да останат во засолништата, рече дека Украинската воздушна одбрана работи на одбивање на нападите.
Според украинските власти, во округот Свјатошински има најголема штета, а пожари избувнале на шест локации. Извештаите покажуваат дека има затрупани луѓе под урнатините во најмалку една станбена зграда, каде што се распоредени спасувачи и медицински тимови.
Властите известија дека во областа Холосивски во близина на станбена зграда паднало беспилотно летало, при што се запалиле гаражи и возила.
Ткаченко предупреди дека заканата ќе трае неколку часа, а единиците за противвоздушна одбрана продолжуваат со операциите против нападите.
Од руска страна нема коментар за нападите.
Нападите се извршени во период на дипломатски напори за потенцијални мировни преговори меѓу Украина и Русија.
На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.