свет

Улф Кристерсон е новиот премиер на Шведска

- За Кристерсон гласаа вкупно 176 пратеници на Риксдаг, а против беа 173 пратеници.

Ekip  | 17.10.2022 - Обновена : 19.10.2022
Улф Кристерсон е новиот премиер на Шведска

ЛОНДОН (АА) - Шведскиот парламент го избра лидерот на партијата „Умерени“, Улф Кристерсон, за нов премиер, јавува Агенција Анадолија (АА).

За Кристерсон гласаа вкупно 176 пратеници на Риксдаг, а против беа 173 пратеници.

Тој ќе предводи трипартиска коалициска влада, а освен неговата партија, во владата ќе учествуваат и демохристијани и либерали.

Десничарскиот блок освои тесно мнозинство на минатомесечните избори во однос на владејачките социјалдемократи и левичарскиот блок, обезбедувајќи 176 места во 349-члениот Парламент.

Екстремно десничарските шведски демократи нема да бидат дел од владата, но Кристерсон на прес-конференција минатата недела рече дека „тесно ќе соработува со шведските демократи“.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.