свет

Ураганот Агата го опустоши јужниот дел на Мексико: Загинаа 10, исчезнаа 20 луѓе

Ураганот кој се движел со брзина од 140 до 170 километри на час од брегот на Oaxaкa, создал бранови високи од 6 до 8 метри

Sinan Doğan  | 01.06.2022 - Обновена : 02.06.2022
Ураганот Агата го опустоши јужниот дел на Мексико: Загинаа 10, исчезнаа 20 луѓе

БОГОТА (АА) - Најмалку 10 лица загинаа, а 20 се водат како исчезнати како последица на ураганот Агата, кој ја погоди мексиканската држава Оахака, јавува Агенција Анадолија (АА).

Агата, првиот ураган оваа сезона на Пацификот, го погоди брегот на Мексико.

Гувернерот на државата Oaxaкa, Алехандро Мурат, наведе дека реките се излеале како последица на ураганот и свлечиштата.

„За жал, 10 луѓе загинаа, а 20 се водат како исчезнати“, рече Мурат.

Од Цивилната заштита на Oaxaкa е наведено дека ураганот предизвикал голема материјална штета, особено во регионот Сиера Сур.

Соопштија дека бројот на загинати би можел да порасне.

Ураганот кој се движел со брзина од 140 до 170 километри на час од брегот на Oaxaкa, создал бранови високи од 6 до 8 метри.

Мексиканската национална метеоролошка служба наведе дека влијанието на Агата ослабнало, но дека и понатаму постои опасност од излевање на реките во државите Oaxaкa, Чиапас, Веракруз, Табаско, Кампече и Квинтана.

Властите апелираа жителите на овие подрачја да бидат претпазливи.

Националната координација за цивилна заштита (CNPC) соопшти дека повеќе од 70.000 луѓе во државите Oaxaкa и Веракруз биле погодени од ураганот.

Мексиканската Влада објави дека е на сила портокаловиот аларм во 294 градови во државите Oaxaкa и Чиапас во јужниот дел на земјата.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın