свет

Фаучи: „За колективен имунитет за коронавирусот потребно е да се вакцинира 90 отсто од популацијата“

„Сè уште не ги знаеме точните бројки, но мислам дека e можно да биде потребно да се вакцинира до 90 проценти од популацијата со цел да се постигне колективен имунитет за коронавирусот“, рече Фаучи.

Betül Yürük  | 25.12.2020 - Обновена : 26.12.2020
Фаучи: „За колективен имунитет за коронавирусот потребно е да се вакцинира 90 отсто од популацијата“

ЊУЈОРК

Директорот на американскиот Институт за алергија и заразни болести, Ентони Фаучи, изјави дека е можно за стекнување колективен имунитет против коронавирусот (Ковид-19) да треба да се вакцинира до 90 проценти од населението, пренесува Агенција Анадолија (AA).

Водечкиот американски инфектолог, во „Њујорк тајмс“ (The New York Times) кажа дека претходно се проценувало дека за колективен имунитет е доволно да се вакцинира околу 70 проценти од населението, но процентот на неопходна вакцинација расте како што расте и леснотијата и брзината на пренесување на вирусот.

„Сè уште не ги знаеме точните бројки, но мислам дека e можно да биде потребно да се вакцинира до 90 проценти од популацијата со цел да се постигне колективен имунитет за коронавирусот“, рече Фаучи.

Во САД во тек е масовна вакцинација против коронавирусот, а првата доза од вакцината веќе ја примија повеќе од милион луѓе, покажуваат податоците на Центарот за спречување и контрола на болести во САД (CDC).

Станува збор за вакцинација со вакцините на компаниите „Модерна“ и „Фајзер“/„БајоНТех“, а администрацијата на американскиот претседател во заминување, Доналд Трамп, најавуваше дека до крајот на годината, првата од двете потребни дози од вакцината би требало да ја примат до 20 милиони Американци.

Според податоците на порталот „Worldometer“, во САД од почетокот на пандемијата од последици предизвикани од коронавирусот починале над 336.000 луѓе.




На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.