Фидан: Важен e придонесот на Туркије за потенцијален мировен договор и европската безбедност
- Шефот на турската дипломатија, Хакан Фидан: „Сега е познато дека најновата политика изнесена во Америка создаде одредени прашалници меѓу европските лидери, особено во однос на досието за Украина и генерално во однос на европската безбедност“

ЛОНДОН / АНКАРА (АА) - Министерот за надворешни работи на Туркије, Хакан Фидан, изјави: „Сега е познато дека најновата политика изнесена во Америка создаде одредени прашалници меѓу европските лидери, особено во однос на досието за Украина и генерално во однос на европската безбедност“, известува Анадолу.
Министерот Фидан разговараше со членовите на турскиот печат по состанокот за Украина, чиј домаќин беше Велика Британија во Лондон.
Фидан истакна дека самитот е важен и дека главна агенда на состанокот била Украина.
Истакнувајќи дека се разговарало за можниот мировен договор во Украина, прекинот на огнот и како тоа би можело да биде возможно, Фидан рече дека има различни идеи за ова прашање.
„Со оглед на позицијата што Соединетите американски држави (САД) ја зазедоа во последните недели и појаснувањето на оваа позиција со текот на времето, во Европската унија создадоа различни гледишта,“ рече Фидан, додавајќи дека овие прашања биле разговарани на масата на европските лидери.
Подвлекувајќи дека е важен придонесот на Туркије и за можниот мировен договор во Украина и за реконструкција на европската безбедносна архитектура, Фидан истакна дека претседателот Реџеп Таип Ердоган има голема визија за спроведување на тоа во живот.
- Прекин на огнот и траен мир
„Има одредени дискусии, европските лидери кои ги посетија Соединетите американски држави повторно ќе се сретнат, и да разговараат за тоа што можат и како можат да го направат тоа“, рече Фидан и додаде дека за ова прашање ги задолжил свои технички тимови.
Министерот Фидан за ова прашање го рече следното:
„Ќе има и други состаноци, кои, колку што разбравме, ќе бидат почести и повторно собирање. Ќе има состаноци што ќе се одржуваат не еднаш на секои 6 месеци или еднаш на два месеци, туку можеби еднаш на секои две или три недели.“
„Сега е познато дека последната политика изнесена во Америка создаде некои прашалници меѓу европските лидери, особено во однос на досието за Украина и генерално во однос за европската безбедност. За ова отворено се разговара“, рече министерот Фидан и нагласи дека овие дискусии се следат внимателно.
„Сите заедно ќе видиме дали ќе има мировен договор, особено во Украина и дали во тие рамки Европа ќе има нова безбедносна архитектура“, рече Фидан и изрази надеж за итен прекин на огнот, а потоа и траен мировен договор.
„Кои се елементите што ќе го овозможат ова? Различни земји имаат различни идеи по тоа прашање, но, наш приоритет е, како што вели нашиот претседател, дека нема губитници во мирот. Затоа однапред треба да работиме на тоа“, истакна шефот на турската дипломатија Фидан.
На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.