свет

Фидан и Лавров се состанаа во Лаос, разговараа за Украина и Газа

Фидан и Лавров се состанаа во Виентијан, главниот град на Лаос, на маргините на 57-миот состанок на министрите за надворешни работи на АСЕАН (Асоцијација на државите од Југоисточна Азија).

Mehmet Şah Yılmaz  | 26.07.2024 - Обновена : 27.07.2024
Фидан и Лавров се состанаа во Лаос, разговараа за Украина и Газа

АНКАРА (АА) - Министерот за надворешни работи на Туркије, Хакан Фидан, се состана со рускиот колега Сергеј Лавров, јавува Анадолу.

Фидан и Лавров се состанаа во Виентијан, главниот град на Лаос, на маргините на 57-миот состанок на министрите за надворешни работи на АСЕАН (Асоцијација на државите од Југоисточна Азија).

Според информациите добиени од дипломатски извори, на средбата се разговарало за билатералните односи, економските прашања и соработката во областа на енергетиката.

Двајцата ја оценија и војната во Украина, настаните во Газа, ситуацијата во Сирија и други регионални прашања.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.