Финска ќе поднесе барање за членство во НАТО
„Веќе се приближува моментот на одлука, парламентарните групи и партиите ги информираме за нашите заеднички ставови.“
ХЕЛСИНКИ (АА) - Финска ќе поднесе барање за членство во НАТО, што ќе го отвори патот за проширување на Алијансата за време на руско-украинската војна, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Во заедничката изјава на финскиот претседател Саули Нинисто и премиерката Сана Марин, се нагласува: „Веќе се приближува моментот на одлука, парламентарните групи и партиите ги информираме за нашите заеднички ставови.“
Во соопштението се наведува дека Финска треба без одлагање да поднесе барање за членство во НАТО, а чекорите ќе бидат забрзани во наредните денови за да се донесе одлуката.
Исто така се истакнува дека ќе аплицира за членство во НАТО за да се отвори патот за раст на Алијансата за време на руско-украинската војна.
Во заедничката изјава се додава дека нивното членство ќе ја зајакне безбедноста на Финска и целиот одбранбен сојуз.
Се очекува и Шведска да ја објави својата одлука за влез во НАТО во наредните денови.
На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.