свет

Формиран е преговарачки тим за да се стави крај на конфликтот во Етиопија

– Формиран е преговарачки тим за ставање крај на конфликтите во северниот дел на Етиопија

Gökhan Kavak  | 28.06.2022 - Обновена : 01.07.2022
Формиран е преговарачки тим за да се стави крај на конфликтот во Етиопија

ИСТАНБУЛ (АА) – Формиран е преговарачки тим за ставање крај на конфликтите во северниот дел на Етиопија, пренесува Агенција Анадолија (АА).

Според веста што ја објави етиопската телевизија „Фана“, вицепремиерот и министер за надворешни работи Демеке Меконен истакнал дека презеле нови чекори за прекин на конфликтот.

Меконен нагласи дека делегацијата формирана за мир ќе води преговори со различни страни за ставање крај на конфликтите на северот на земјата.

Меѓу членовите на делегацијата предводена од Меконен се и генералниот директор на етиопската национална разузнавачка и безбедносна служба Темесген Тируне, поранешниот министер за правда, Гедион Тимотеос, амбасадорот Хасан Абдулкадир, амбасадорот Ридван Хусеин и генералот Бирхану Бекеле.


- Мировен процес во Етиопија

Абиј Ахмед, премиерот на Етиопија во својот говор во парламентот на 14 јуни соопшти дека владата формирала комитет за мировен процес.

Народниот ослободителен фронт Тигреј (TPLF), кој се побуни против централната влада во Етиопија и предизвика граѓанска војна, побара Кенија да биде посредник за мировните разговори со етиопската влада.

Конфликтите меѓу армијата и TPLF во Етиопија кои продолжуваат од ноември 2020 година, доведоа до голема хуманитарна криза.

Конфликтот, кој се прошири и во соседните држави, е причина за раселување на околу 2,5 милиони луѓе.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.