Хезболах потврди дека командантот Фуад Шукр е убиен во израелски воздушен напад
Хезболах претходно соопшти дека Шукр се наоѓал во зградата во текот на нападот, но дека е под урнатините, поради што не било можно да дојдат до него
БЕЈРУТ (АА) - Либанското движење Хезболах потврди дека вчера е убиен истакнатиот командант Фуад Шукр во утринскиот воздушен напад во Бејрут, пренесува Анадолу.
Хезболах претходно соопшти дека Шукр се наоѓал во зградата во текот на нападот, но дека е под урнатините, поради што не било можно да дојдат до него.
Најмалку четири лица ги загубија животите во нападот, а 80 се повредени.
Израелската војска потврди дека во вторникот вечер извршила напад во јужното предградие на Бејрут. Израел тврди дека Шукр бил организатор на саботниот ракетен напад на Мајдал Шамс, на окупираната Голанска Висорамнина, во кој загинаа 12 лица.
Хезболах негираше каква било одговорност и поврзаност со смртоносниот напад.
