свет

Хитхорн - холандско село без патишта за автомобили

- Ова холандско село како од бајките, со 176 дрвени мостови, тесни канали, историски куќи, зеленило и разновидно цвеќе, годишно го посетуваат стотици илјади туристи од целиот свет

Selman Aksünger  | 07.05.2023 - Обновена : 12.05.2023
Хитхорн - холандско село без патишта за автомобили Фото: Селман Аксунгер

ХИТХОРН (АА)

- Селман АКСУНГЕР


Селото Хитхорн многумина го нарекуваат „холандска Венеција“, бидејќи до него можете да пристапите само со помош на чамец, известува Анадолу.

Ова село е идеално за оние кои сонуваат за помирен живот.

Селото е формирано уште во средниот век, а наместо патишта, има канали. Изградено е од бегалци од Средоземјето кои во овој регион се населиле околу 1230 година.

Селото се наоѓа на подрачјето на Оверејсел, а туристите во текот на возењето со чамци, можат да уживаат во куќите стари стотици години.

Бидејќи во селото Хитхорн нема патишта за возила, за превоз се користат каналите, пешачките патеки, дрвените мостови и велосипедските патеки.

Ова холандско село како од бајките, со 176 дрвени мостови, тесни канали, историски куќи, зеленило и разновидно цвеќе, годишно го посетуваат стотици илјади туристи од целиот свет. Во селото живеат околу 2.600 лица кои се тука за да ги презентираат сите убавини на своето село.

Особено се издвојуваат куќите кои потсетуваат на селото на Хобитите.

Селото, кое секоја година го посетуваат околу 1 милион туристи, најмногу е посетувано од туристите од Далечниот и Блискиот Исток и од Туркије.

За превоз главно се користат чамци во селото во кое нема пристап, а само до неколку куќи на влезот во селото може да се дојде со возила.

Во голем број куќи во ова холандско село има две врати. Една постојано се користи, а втората се користи само во случај на женидба, за младенците да влезат во куќата или кога починатото лице се изнесува од домот.

Селото, кое својот моментален изглед го добило по двете поплави во 1776 и 1885 година, се состои од куќи изградени околу голем број меѓусебно поврзани канали.

Туристичките тури се одвиваат цел ден со електрични чамци по каналите што го обиколуваат плоштадот, каде крововите на куќите се прекриени со трска.

Името „Хитхорн“, што значи „рогач“, селото го добило бидејќи првите доселеници во селото во регионот откриле стотици рогачи.

Селото Хитхорн, во кое се снимени делови од комедијата „Фанфари“ од 1958 година во режија на холандскиот режисер Берт Ханстра, се стекна со сегашната репутација бидејќи филмот го гледале речиси 2 милиони луѓе.




На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın